„Курир“: Јанева ја премина линијата со насилно спроведување на мастерпланот на Зоран Заев

провокации, упади по домови и други незаконски дејствија. Како што се скусувале роковите дадени од Заев и како што растел притисокот кој лидерот на СДСМ во континуитет го вршел, од една страна, така се зголемувала и агресивноста на тимот на Катица Јанева од друга, бидејќи биле соочени со фактите дека ниту има предмети, ниту постојат аргументи за покренување на каква било постапка.

На ваквите инсистирања на Заев и Јанева, како што објавија веќе медиумите регирале дури и дел од обвинителите кои се блиски до СДСМ со образложение дека нема ефект да се притиска со правно неиздржани предмети, додека останатата струја, инсистирала дека правниот ефект бил неважен во споредба со ПР ефектот кој би го добил СДСМ. На колегиумите кои се држеле во СЈО, повеќе се коментирале позициите на СДСМ и се осудувале и критикувале настапите на еврокомесарот Јоханес Хан, отколку што се разговарало за предметите кои треба да се работат.

Двајца од обвинителскиот тим на Јанева, кои се исклучително блиски со СДСМ и практично се директен линк со партијата, изминатиов период имале секојдневни средби со генералниот секретар Оливер Спасовски за да ги координираат активностите.