
Потенцијалните кандидати за претседател на САД, по речиси една година меѓусебни дебати и кампања, денеска ќе излезат пред гласачите во сојузната држава Ајова, каде ќе бидат одржани првите партиски избори.
Милијардерот Доналд Трамп, кој од летото убедливо води во трката за републиканската претседателска номинација и понатаму е фаворит на национално ниво, но во Ајова неговата предност е помала.
Слична е ситуацијата и кај демократите. Поранешната сенаторка, државна секретарка и прва дама Хилари Клинтон засега има убедлива предност на национално ниво, но во Ајова е само неколку продценти пред левичарот Берни Сандерс.