
Иако е на прагот на седмата деценија од животот, холивудската актерка Сузан Сарандон не се откажува од храбрите, секси модни комбинации. Па така, за доделувањето на наградите САГ облекла една од најпровокативните комбинациии видени на тој црвен тепих.
69-годишната актерка носела бел костум со храбро деколте, а под палтото со длабок изрез имала само црн градник со тантела.
Сузан поради своето деколте се нашла на удар на модните критичари кои нејзиниот изглед го нарекле смешен и непристоен. Актерката ниту најмалку не се возбудила поради таквите коментари, туку гордо ги покажала своите бујни гради, со акцент на тоа дека се природни, за разлика од многу помлади холивудски колешки.
Сузан уште еднаш покажа дека не е сè во младоста и трката со трендовите, како и дека гордо може да се носи со годините.
Сузан била номинирана за улога во мини-серијата „Тајниот живот на Мерилин Монро“ (‘The Secret Life o f Marilyn Monroe), а нејзината 30-годишна ќерка Ева Амури Мартино се појавува во помала улога. Ева ја придружувала мајка си на наградите САГ.
