сите кои не се нивни партиски членови. Вакво нешто е недозволиво. Од друга страна Оливер Спасовски си го унапреди сопругот на неговата колешка Фросина Ременски за четири нивоа погоре во хиерархијата на МВР. Незаконски за дури и по седум нивоа унапредуваше десетици партиски активисти послушници на СДСМ, вклучувајќи и лице за кое има првостепена пресуда со казна затвор за негова инволвираност во случајот „Шпиoн“.
Одлуките на Управниот суд покажуваат дека Република Македонија има институции кои нема да дозволат хаос и владеење на самоволието на еден лидер на партија. Конкретно за МВР одлуката на Управниот суд значи запирање на разорувањето на долго градениот систем на кариера во полицијата. Времената мерка покажува дека не смее да се доведе во прашање безбедносниот систем заради неразумната партиска политика која што ја спроведува Спасовски. За жал, не можам да кажам дека сум оптимист и да тврдам дека нема да има нови ирационални постапки на Спасовски. Тој покажа дека исполнувањето на желбите на Заев и Фрчковски му е поважно отколку безбедноста на граѓаните. Тоа што ми дава надеж е дека има институции во земјава и секој ќе одговара за своите постапки.
Целото интервју прочитајте го на Прес 24