
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови.
Температурата ќе се движи од 11 до 21 степен.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во четврток ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог.
Вo петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат.
Во четврток и во петок ќе дува умерен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 70 км/час и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.
Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, но посвежо време.