
СДСМ за попладнево најави протест пред Офицерскиот дом во Битола за, како што велат да се каже стоп за неговата продажба, на што повика и потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацоски, пишува „Курир“.
СДСМ има свои министри во власта, но очигледно поради неактивноста и неучеството во владините седници не знаат што се случува на истите и се обидуваат да направат случај каде го нема.
Имено, Офицерскиот дом во Битола нема да се продава, а Министерството за транспорт и врски согласно законската постапка објави дека имотот нема да биде ставен на продажба по пат на електронско јавно наддавање.
Се чини СДСМ и нивните министри остануваат фокусирани само кога станува збор за манипулации, пишува порталот.