Лајаж е најновиот метод на осветлување и сенчање на косата што го нагласува обликот на фризурата и ги дели прамените во главни секции, додека бојата се шири и се преплетува на самите краеви на косата.

Технички лајаж е посуптилна верзија на омбре и може да се користи за создавање природни, суптилни тонови или едноставно за освежување на косата, кога на природната боја и е потребна малку блескавост и сјај. Посебно се важни самите краеви на косата пто треба да добијат ефект на осветленост, која постепено се гради и се надоврзува на остатокот на косата.
Добрата работа кај овој нов тренд е што им одговара речиси на сите девојки, независно од бојата на косата.

За разлика од балајаж, оваа техника се применува додека ја одмарате главата на специјално направено столче, а фризерот ги премачкува краевите со помош на четкичка. Имено, новата боја на косата треба постепено да се гради да се преплетува и да се стопи со природната боја на вашата коса така што изгледа како штотуку да сте се вратиле од егзотично патување.