
Денеска околу 14:30 часот по локално време во Даблин, во Регенси хотелот каде се вршеле мерења на боксери, неколку мажи облечени во полициска униформа упаднале и почнале да пукаат во цивилите, присутни на настанот.
Во пукањето според сегашните информации загинал еден маж, а уште двајца се повредени и со тешки повреди се пренесени во болница.
Вооружениот напад се случил за време на мерењето на боксерите за Светската боксерска организација, а мажите облечени во полициска униформа пукале со клашников.
Според очевидците, напаѓачите испукале повеќе рафали од автоматска пушка што наликувала на „Калашников“, пишува „Дејли Експрес“.
Мел Крисите, претседател на Боксерската Унија на Ирска, објаснила дека вооружените мажи не бирале цели како и дека на местото имало околу 200-300 луѓе меѓу кои и мали деца.