
Кривична пријава е поднесена против 37-годишниот О.В. за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот во период од неколку месеци незаконски обезбедил лични податоци на оштетената Л.Ш. на социјалната мрежа „Facebook“ и активно ги користел во повеќе наврати. Ги злоупотребил нејзините лични податоци на интернет, односно пристапувал на нејзиниот профил и од него објавувал разни објави и фотографии со недолична содржина, информира денеска МВР.
Откако оштетената го пријавила случајот Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика почнал истрага и извршил анализа на добиените ИП адреси, кога е извршена злоупотреба на личните податоци, а воедно утврдени се повеќе ИП адреси со точно време и датум кои по анализата наведуваат дека нивен корисник бил пријавениот О.В.