
Уште еден Албанец од Балканот, кој се борел на страната на џихадистичката група Исламска држава (ИД), е убиен е во Сирија, објави приштинскиот весник „Експрес“, пишува МИА.
Станува збор за 18-годишниот Ернад Хисенај од селото Хот кај црногорското градче Плав. Хисенај за Сирија заминал пред неколку месеци и се приклучил во редовите на ИД.
Веста за загинувањето на Хисенеј ја потврдија неговите најблиски, на кои кога заминал за Сирија им рекол дека оди во Бохум во Германија.
– Ернад ќе го паметиме како многу убаво и мило дете. Што се случи и како заминал таму не знам. Сите мислевме дека е во Германија, изјави еден од неговите соседи.
На боиштата во Сирија и Ирак, како припадници на ИД досега се убиени стотина Албанци од Балканот, најмногу од Косово.