
Вчеравечер околу 23.00 часот во Скопје во кафе бар улица Скоевска, Д.К. и Б.К. вербално и физички го нападнале сопственикот Д.Д. (39) од Скопје.
Д.Д. телефонски бил известен дека Д.К. и Б.К. прават проблеми во објектот и истиот се упатил кон објектот. Ги затекнал двајцата како кршат шишиња, фрлат маси и кршат дел од инвентарот. Д.Д. ги предупредил да престанат, по што истите почнале да го навредуват, а потоа физички го нападнале удирајки го со нозе во пределот на градите при што паднал на земја.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.