
Туристите влера останаа во шок, откако во Лондон на само неколку метри од парламентот експлодира автобус.
Иако можеби некои очекуваа моментална евакуација на тој дел од градот, опсадна состојба и мноштво припадници на полицијата на местото – ништо од тоа не се случи.
Автобусот не беше жртва на терористички напад, туку беше разнесен за потребите на новиот филм во кој играат Џеки Чен и Пирс Броснан.
Јавноста беше навреме информирана па немаше паника, освен кај одделни туристи кои не знаеле дека експлозијата ќе се случи на мостот Лембет.