
-Заедно со градоначалникот изнајдовме средства и во 2014 година започнавме со активности за обезбедување на објект, негова санација и реконструкција и во 2015 со опремување на овој објект за денеска да присуствуваме на свеченото отворање на оваа детска градинка со капацитет за 50 деца. Од Министерството и од општината се обезбедени вкупно околу 3 милиони денари. Верувам дека овој објект навистина ќе им помогне на сите родители кои што имаат дечиња од предучилишна возраст и идните родители да имаат соодветно место каде што ќе можат да ги згрижат своите дечиња во текот на работното време, рече Спасов.
Спасов подвлече дека во изминатите неколку месеци имало задоцнување на активностите поврзани со градинката и планираните идни активности за нови детски градинки од страна на техничката министерка Фросина Ременски.
-Имало или немало задоцнување, после април оваа година ќе продолжиме со конкретни за значително зголемување на бројот на детски градинки во сите општини во Република Македонија. Нашата цел е сите поголеми населени места, секоја општина во државата, со особен осврт на руралните места но и на градските подрачја каде има поголема концентрација на население и каде што има поголема потреба од капацитети, за да излеземе во пресрет на сите граѓани на Република Македонија и да продолжиме да ја градиме мрежата на детски градинки. Да продолжиме да го зголемуваме опфатот на деца од предучилишна возраст ово градинките и да продолжиме со зголемување на квалитетот и на условите на деца од предучилишна возраст и тоа ќе продолжиме да го правиме и понатаму, заклучи Спасов.
-Мене ми е задоволство што ова дамнешно барање на граѓаните на с.Оризари сме сведоци дека се реализира. За сега во градинката ќе има 35 деца, а капацитетот од 50 деца очекуваме да се потполни. Ова е проект кој е заеднички помеѓу општината и Владата и е продолжение на претходните акции и идните акции. Очекувам одличната соработка да продолжи и понатаму, рече Димитровски.