
Педесет и пет годишен маж бил застрелан во пределот на главата со воздушна пушка калибар 4,5мм од четиринаесетгодишник од Свети Николе.
Настанот се случил во неделата околу 13.30 часот во село Сопот, светиниколско, а Д.Д. се здобил со повреда за која вчера се јавил во Клиничкиот Центар – Штип за укажување на лекарска помош и настанот го пријави во полициската станица во Свети Николе.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.