
Русија треба веднаш да ги прекине воздушните напади во Сирија, како предуслов за продолжување на преговорите меѓу опозицијата и централната влада во Дамаск, изјави денеска членот на перговарачката делегација на сириската опозиција.
– Руската воздушна операција ја комплицира состојбата, изјави Монзер Махус, член на Високата преговарачка комисија на сириската опозиција.
– Ако продолжат нападите тешко е да се замисли како би можел да продолжи преговарачиот процес, наведе Махус.