Полиглот
Ако мислите дека изреката „убава и глупа“ е точна, тогаш се лажете: освен формалното образование Моника течно говори англиски, шпански и француски.

Стопала
Можеби ова нема да ви се допадне, но единствената маана на оваа совршена жена се – големите стопала. Иако тоа е релативна работа. Кога влегува во продавница за чевли – бара број 42.
Чудни обичаи
Моника зад себе има два брака. Со фотографот Клаудиј Бас беше заедно до 1994-тата година. Потоа беше омажена за Винсент Касел до 2013-тата година. За време на заедничкиот живот тој и таа живееја во одвоени апартмани на една вила во Париз, за да го избегнат „секојдневниот заеднички живот“.
Каква мајка, такви ќерки

Оваа актерка има две ќерки: Дева и Леона. Додека беше бремена во 2005-тата се фотографираше за нсловната страница на „Венити Фер“.
Каде и да тргне има дом