
Дрпљанин е еден од тројцата учесници во заседата за „Алфите“ кај Природно-математичкиот факултет во ноември 2008 година, кога животот го загуби Арифи, а двајца негови колеги беа тешко повредени.
Тој беше уапсен во јули 2012 година во Урошевац а при апсењето косовската полиција најде арсенал оружје и муниција. Според косовските медиуми во станот биле најдени во кој биле пронајдени две автоматски пушки „калашников” со 300 куршуми, една снајперска пушка со 36 куршуми, три пиштоли со 150 куршуми, седум рачни гранати, три црни униформи, шест војнички елеци и големо количество златен накит кој е украден во грабеж на златара во Македонија.