Жртва на проституција: Дневно имав и по 60 клиенти, ги молев да ме убијат!

Александра е само една од илјадниците девојки што завршиле како жртви на организираната проституција во еден релативно мал град во Мексико каде сите живеат од проституција. Големите куќи и скапите автомобили се платени со сексуално искористување на девојките, проституција и трговија со луѓе.

Ова е нејзиниот прв разговор за медиумите, откако успеала да побегне пред две години.

Франциско беше пет години постар од мене. Ме заведе, мислев дека навистина ме сака. Подоцна видов како ги заведува и другите девојки. Кога дојдовме во неговата семејна куќа, забележав дека е луксузна и дека е под високо обезбедување 24 часа дневно. Франциско таму живееле со мајка му и татко му. Во почетокот биле љубезни, но многу брзо почнаа да ме присилуваат на проституција. Ми ветуваа пари и подароци. По долго наговарање прифатив, но не ни помислував што ме чека. Уште првиот ден работев од 10 часот наутро до 10 часот навечер, а Франциско уште првиот ден ми донесе 20 клиенти. По првиот ден се обидов да побегнам, но франциско ме спречи а потоа и ме претепа. Пред да влезам во тој свет, имав само две дечиња, раскажува Александра.

По два месеци тој прв пат ја однел во Америка. Тие илегално ја преминале границата во Аризона и Александра повторно била затворена, но овој пат во неговата куќа во Атланта.

Таму се запознала со една девојка од Доминиканска република, но не им било дозволено да разговараат. Александра раскажува како таа девојка се обидела да побегне повеќе пати и дека на крајот ја убиле.

Капката што ја прелеа чашата на Франциско беше кога девојката се обиде да му го прегризе носот на еден клиент. Франциско и’ пукаше во глава. Мене знаеше да ми донесе и по 60 клиенти дневно. Мислам дека додека работев за него бев силувана повеќе од 40.000 пати, а никогаш не видов ниту цент.

И било дозволено само еднаш да се врати во Мексико и тоа кога забременила. Детето останало со родителите на Франциско. По десет години одлучила дека мора да побегне. Успеала да стаса до автобуската станица во Мексико сити и да побегне. Нејзиниот син останал со Франциско и со неговите родители.