
Поради територијално нарушување, група американски маринци се заробени на 12.јануари, но набргу се пуштени на слобода.
Иранската телевизија објави снимки од заробените војници како плачат и се извинуваат.
Американската морнрица, како што пренесува „Еј-Би-Си- њуз“, е згрозена од фактот што властите во Иран користат снимки од америански војници во пропагандистички цели.
„Згрозени сме од фотографиите и видеото од наши маринци кои се користат во пропагандистички цели“, кажал портпаролот на државниот секретар на САД, Џон Кери.