
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.
Според информација добиена од МВР, денеска од 8 до 22 часот во целосен прекин е сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија, поради штрајк на грчките земјоделци.
Утрово од 10:10 часот од страна на такси возила и автобуси , целосно е блокиран сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ на влез-излез од Македонија на дел од автопатот Гевгелија- ГП„Богородица“, во близина на бензиска пумпа „Шимов“. Истиот неофицијално ќе трае околу 2 часа, стои во соопштението на АМСМ.