Силен дожд и јужен ветер утрово ја зафатија Далмација, каде брановите со височина од два метри ја поплавија задарската ривиера.
Поради силниот ветер на отворено море во прекин се и траектните линии во Хрватска, а во Србија на сила е црвениот метео аларм и се предвидува оркански ветер.
Според информациите од УХМР, кај нас не се очекува невреме. Во наредните денови се очекува променливо облачно време со врнежи од дожд и малку повисоки температури за овој период од годината.
Утре и во текот на викендот се очекува да дува позасилен јужен ветер.
Што се однесува до брановите од Хрватска и Србија, од УХМР велат дека тој бран не одминал во ноќните часови.