
Во организација на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се одржат две трибини како дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.
Првата трибина, најавуваат од владејачката партија, ќе се одржи во 17 часот во сала во Росоман, а втората во 19 часот во Дом на култура во Неготино.
На трибините ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.