
Највлијателната албанска телевизија „Топ Канал“ ја пренесе веста за Темелко под наслов „Уапсен градоначалникот на Пустец“, притоа додавајќи дека Темелко е уапсен по налог на СЈО, под сомнение за изборни малверзации во Република Македонија.
Од друга страна пак националната албанска телевизија „Визионплус“ оди со сличен настан и наведува дека лидерот на македонската партија е уапсен за изборни манипулации во Македонија.
Веста за апсењето на Темелко ја пренесоа и сите останати влијателни медиуми, како телевизијата „Клан“, весниците „Шкип“, „Шекули“ и сите останати медиуми со акцент за наводни малверзации за време на изборите во 2013 во Македонија.
Апсењето на Едмонд Темелко исто така беше главна тема и во косовските медиуми, притоа поставувајќи ја како ударва вест со наслови од типот „Во Македонија уапсен албански градоначалник“, „Македонија: Уапсен актуелен градоначалник од Албанија“ и сл.