
Британец освои џекпот од 31 милион евра на европската лотарија „Еуромилионс“.
Среќниот Британец сакал да остане анонимен.
Откако ќе биде потврдена валидноста на неговиот тикет, парите ќе му бидат префрлени на сметка, се очекува најдоцна до денеска, пренесува британскиот „Мирор“.
– По девет победници од Велика Британија на „Euromilions“ во 2015 година, изгледа дека среќата за Британците продолжува и во 2016, соопштија од лотаријата.
Имено, Дејвид и Керол Мартин од Шкотска минатиот месец освоија 42 милиони евра, што е најголем износ до сега.
Оваа награда, меѓутоа, е минимална во однос на минатомесечниот износ од 1,6 милијарди долари, колку што освоија тројца добитници на американскиот „Пауербол“.