
Дали е на повидок смена на Катица Јанева? Ова е прашањето што деновиве се поставува во македонската јавност откако Јанева на последната прес конференција во СЈО по читањето на текстот се повлече и им даде збор на двете обвинителки од нејзиниот тим.
Прибидејќи Катица пукна како пренадуван балон, следува нејзина смена. Првата прес-конференција на СЈО деновиве го почна тој процес, пишува новинарот Драган Павловиќ Латас во својата колумна насловена „Мортиша“.

Се појави Катица Јанева на пресот Титаник. Со нова фризура и видно посмирена и поскапа гардероба од порано. Барем се виде каде одат парите на граѓаните. Со четири милиони евра личен буџет и Шекеринска за советник, не е проблем тоа да се потроши по фризери и бутици. Шетањата по метрополите низ Европа допрва следат. Архитектите на проектот ја тргаат Катица од јавната сцена, и на нејзино место туркаат две други госпоѓи: обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, пишува Латас.

Тој вели дека двете се обвинителки кои се од Тетово во иднина треба да бидат лицата на СЈО, а Катица Јанева ќе шета наоколу и ќе тагува по кафани и забави. Како што вели, Јанева седна на клупата за резерви после првата акција на теренот.
Двете нови госпоѓи од СЈО објавија дека фатиле политичари и судии во изборни дубари. Настапот беше драматичен и холивудски. Ист како оној кога Љубе Бошкоски и Сашо Станинов фатија нива со марихуана во Петровец. И во двата случаи се покажа дека се работело само за потреба да се сликаат пред камери. Да ги видат роднините и пријателите колку се важни и моќни, а се друго било пуфка. Празни муабети, пишува тој.