
Основниот суд Скопје 1 одби уште едно барање за притвор на СЈО.
Како што индормираат од Основниот суд, пред судија на претходна постапка, а по претходен договор со обвинителот од Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации, денеска е сослушано лицето И.Г. за кого беше поднесен предлог за определување мерка притвор.
Како што денеска соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.
Лицето против кое е определен мерката, како и Обвинителството кое ја преддложи мерката, се посочува во соопштението, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа.