
Прв случај на вирусот Зика е регистриран на територијата на Русија.
Лицето кое е заразено со вирусот е хоспитализирано и неговата здравствена состојба е задоволителна.
Членовите на неговото семејство не се инфицирани.
Заразеното лице претходно било на одмор во Доминиканска Република.