
Детската манифестација „Снежен град“ ќе се одржи од денеска до 21. февруари на Попова Шапка.
Манфестацијата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош – Скопје“.
На 21 февруари, пак, ќе биде организиран Карван – посета на Снежниот Град во вид на еднодневен излет.
Учесници – градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од повеќе градови од Македонија – Скопје, Гевгелија, Виница, Тетово…
На 21 февруари напладне градителите ќе го предадат клучот од Снежниот град на посетителите што на симболичен начин претставува отворање на овој град за сите заинтересирани.