
Утрово избил пожар во зградата на ЕЛЕМ и ЕВН на Плоштадот во центарот на Скопје.
Со брза интервенција на противпожарните служби пожарот е ставен под контрола и изгаснат. Според очевидци избило искра при изведувањето на градежните работи. Од огнот се зафатени градежното скеле поставено за правење на новата фасада на зградата, како и дел од самата фасада.
Сеуште нема информации што било причината за пожарот, ниту за евентуално повредени лица.
Во перидов се изведуваат градежни работи на фасадата на зградата.