
Последните денови континуирано се намалува бројот на бегалци кои од подрачјата зафатени со воени дејствија пристигнуваат во Прифатниот центар во Гевгелија.
Од регионалниот центар за управување со кризи во Гевгелија денеска информираа дека изминативе 24 часа биле евидентирани само 610 мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак и оти во моментот во кампот има 260 мигранти и околу педесетина чекаат на грчка територија кај котата на граничниот камен 59.
Релативно мирната состојба во и околу ПТЦ Гевгелија се користи за продолжување на почнатите активности за изградба на нови тоалети и сушална за алишта, за поставување изолација на куќарките, а профункционира и поставениот рефлектор за осветлување на паркингот пред кампот.