Земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вчера предизвика лесни оштетувања на десетици куќи во јужна Грција.

Засега нема информации за жртви.

Потресот вчеравечер бил регистриран крај градот Пиргос, на 500 километри југозападно од Атина.

Властите во областа западна Грција информираат за паднати камења врз неколку локални патишта.