
Покрај шефот на македонската држава, на средбата ќе присуствуваат и претседателот на Србија Томислав Николиќ, премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ, како и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Како што објави прес-службата на Доналд Туск, на средбата во Брисел ќе се разговара за последните случувања во регионот во контекст на мигрантската криза, за имплементацијата на мерките на Советот на ЕУ, за хуманитарната помош и за состојбата и менеџирањето со надворешните граници на ЕУ.