
Двајца работници се здобиле со изгореници од трет степен во пожарот кој вчера избувна во зградата на ЕВН на плоштад Македонија, која е во фаза на реконструкција.
Станува збор за работниците И.С. (35) од Скопје и Д.С. (31) од с.Теово, велешко, кои се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
По пружената лекарска помош повредените работници се пуштени на домашно лекување.
Имено, вчера опожарен беше изолациониот материјал и заштитната мрежа (надворешно) околу 10 катови.
Од страна на пожарникарите пожарот беше локализиран.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.