Алексов и Заев со ист став за изборите

Дарко Алексов од МОСТ денеска излезе со идентичен став како и Зоран Заев. Тој посочи дека нема услови за избори, без притоа да даде валиден и издржан аргумент. Алексов застапи политички став и проценка идентична со онаа на СДСМ, а не аргументирана и издржана позиција.

Ваквото противење на Алексов на изборите, можеше да се очекува со оглед на тоа што Алексов е маша во рацете на СДСМ и СОРОС кој се и негови главни финансиери.

Зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари. Или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС, пишува порталот Журнал нет.

Порталот пишува дека првиот човек на МОСТ Дарко Алексов е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет.

Институциите на државата треба детално да ги прочешлаат милионите кои ги врти оваа организација како и личниот имот на Алексов.

-Она што има да се види во деловодните книги на МОСТ се 4 милиони евра свртени за неколку години, но и имот својствен за некој блискоисточен олигарх во подем, две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов. За потсетување Дарко Алексов, заедно со уште тројца други  се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од  1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари.

Невладината МОСТ чиј што прв човек е Дарко Алексов, влегува во мрежата на организации кои соработуваат и имаат партнерски однос со Институтот Отворено Општество на Владе Милчин, односно СОРОС Македонија која пак е главен финансиер на медиумите, граѓанските асоцијации подржувачи и лобисти на политиките на СДСМ.

Тоа може да се забележи и од Платформата за наводна борба против Корупција која е финансирана од СОРОС Македонија, каде освен оваа организација, членки се сите чадор организации на Институт Отворено Општество на Владе Милчин, а меѓу нив е и токму МОСТ на Дарко Алексов. Така да на оваа квази платформа се приклучиле освен МОСТ, и Метаморфозис која е ќерка организација на СОРОС Македонија, Транспарентност Македонија чиј долгогодишен прв човек е Сашо Ордановски, кој е отворен косовски лобист, Транспаренси Интернешнл на Слаѓана Тасева и останати организации.

Ова е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат, и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор.  Во текот на утрешниот ден следуваат дополнителни информации до кој дојде нашата редакција а се поврзани со скандалозното работење на Алексов, стои во текстот.