
Времето денеска е умерено облачно со сончеви периоди. Максималната температура се движи во интервал од 16 до 22 степени.
Утре ќе биде претежно облачно со локален дожд, особено во западните делови, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу 6 степени.
Во петок ќе има преодно стабилизирање, а во сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време.