Според него, ова се прави за под притисок судиите да прифаќаат и незаконски решенија под притисок од Специјалното јавно обвинителство кои ќе ги наметне Зоран Заев.

Судиите не се уплашија. Сите пресуди кои ги донесоа се издржани. Се товарат за одредени, како што се шпекулира, манипулации на изборите. Тука постои само сомнеж, а не утврдено дело. Беа побарани од СЈО притвори за 9 луѓе. Пазете за кои дела: злосторничко здружување, повреда на избирачко право, уништување на изборен материјал, поткуп при избори и гласање и слични дела кои ја опфаќаат главата на кривичните дела за избори и гласањето. За да биде апсурдот поголем, непосредно пред избори се оди на гонење за кривични дела и се поведува постапка за клучни, битни фигури кои би обезбедиле поголем број на гласови за партијата. Да не наведувам кои беа на распит повикувани, тоа се луѓе кои се инфилтрирани во партијата и со своја активност со години создаваат круг на луѓе. Ако тоа не е притисок пред избори, што е притисок?, потенцира Климовски на Сител 3.
Заев вика треба да испорачаат резултати, наредниот ден Јанева испорачува резултати
Климовски смета дека СДСМ и СЈО постапиле многу аматерски. Како што вели, Заев рекол треба да испорачаат резултати, наредниот ден Јанева испорачува резултати.
СДСМ излага дента и Заев вика дека СЈО мора да испорача резултати, а наредниот ден Јанева држи прес-конференција со насмевка на лице дека веќе почнала да гони, дека испорачува резултати. Заев вика треба да испорачаат резултати, наредниот ден Јанева испорачува резултати. Тоа е чист аматеризам. За Темелко, пак, се работи за 400 гласачи, парадоксално е што тие влијаеле на изборите тогаш, ако воопшто влијаеле, тоа ќе видиме на изборите. Со 400 гласа влијаеле за да се загрози победата на СДСМ во тоа време. Тие викаат „Ни ја украдовте победата, ни украдовте гласови“. Со 400 гласови? Апсурд!, заклучува професорот.
Меѓу другото, во емисијата на Јанко Илковски, професорот Климовски потенцира дека граѓаните на Пустец имаат право да гласаат на избори доколку имаат лична карта со живеалиште во Македонија.