Кога ќе влезете во импозантната црква „Свети Климент Охридски“ ќе видите дека целиот живопис, ликовите на светците и сцените од Евангелието се создадени преку донации. Под секоја од нив е испишан дарителот – имињата на населбите од каде што потекнуваат дарителите. Внимавајте, не името на дарителот, туку местото од каде што потекнува. Така се одржува родовата памет, историскиот идентитет.
Вистина е дека 85-90% од македонската дијаспора во Канада се приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ. Но, мора претставниците на владејачката партија кои доаѓаат да агитираат, да сфатат едно нешто. Нашите Македонци се и ќе бидат нивни приврзаници доколку не попуштат за менување на македонското име (идентитет). За нив, тоа е прашање на живот и смрт. Тие, особено повозрасните, се навистина измачени луѓе – ми ги покажуваа лузните и дамките по нивните тела жигосувани од грчките фашисти. Притоа, тоа не се лузни од Граѓанската војна (1946-1949), туку лузни од 60-70-те години од минатиот век. Тие, за разлика од нашите поставени 30- годишни министри за надворешни работи, на своите тела се почувствувале што значи грчки, албански, бугарски фашизам. Затоа не еднаш бараат прекин на преговорите со Грција, затоа бараат поцврсто во споредба со македонската држава, правата на македонските малцинства во Грција, Бугарија, Албанија. Иако се приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ слабо гласаат на изборите, затоа што сакаат претставникот од дијаспората да биде од нивните редови, а не анонимец од Скопје.
Заедно со мене, на Гоцевата вечер почесен гостин беше познатиот пријател на Македонија Џејсон Мико. Со него учествувавме и во друга отворена трибина и можевме да дискутираме по сите клучни прашања за современите состојби и иднината на македонската држава, вклучително улогата на САД во македонската голгота. Ставовите на Мико /со исклучок на тој за САД/ беше многу позитивно прифатен.
Уште во почетокот спомнав дека се лаже секој кој оди во Канада кај нашите Македонци да ги „посоветува“ за состојбите во Македонија. Затоа што тие знаат се и користат сите меѓународни информации кои нашите медиуми ги премолчуваат. Ете зошто, исправен пред тие наши браќа и сестри со богато и животно, и национално искуство, човек се чувствува како на испит. И да ја видиши ли барем да се обидеш да ја видиш многустрадната Македонија преку нивните очи. Затоа и во моите излагања јас зборував за улогата на Македонците од Канада –финансиска, политичка и морална во животот на матичната држава, за тоа дека македонската дијаспора во светот мора да има многу повеќе пратеници отколку досега, вклучително и по неколку министри во секоја македонска Влада. За жал, со менувањето на условите за гласање, нашата дијаспора едвај ли ќе добие еден пратеник. Причината за тоа е кратењето на изборните единици од три /Америка, Австралија, Европа/ на една и барањето за еден пратеник да гласаат минумум 6.500 луѓе. На тој начин надворешните и внатрешните македонски непријатели ја остварија својата цел. Апсењето на единствениот македонски градоначалник во соседните непријателски земји, Темелко, потврдува континуираниот удар врз македонската дијаспора, а со тоа и врз македонската нација и држава.
Во моето излагање посебно место имаше за современите состојби во Македонија, за македонската иднина, но и за причините нашето име/идентитет, држава да биде на удар од страна на македонските соседи, како и на САД и ЕУ. Зборував и за причините кои за 25 години ја трансформираа македонската држава од самостојна во Протекторат Македонија.
Позитивно бев изненаден како „обични“ луѓе имаат поголема зрелост и мудрост од многу македонски политичари, како даваат точна оценка на сето тоа што ни се случува, како бараат алтернативи, како се спремни да се борат за Македонија. Не со голи зборови, а практично. Дознав дека во времето на терористичкиот напад врз нашата држава во 2001 г. имало Македонци од Канада кои се вратиле во Македонија и учествувале како бранители против албанските бандити од Косово. Потврда за спремноста за саможртва добив и сега од Македонците од Торонто.
Мора да кажам дека на величенствената Гоцева вечер имаше присутни од цела Канада и од северниот дел на САД. Мора да спомнам и некои од организаторите: Мендо Бакаловски – претседател на организацијата „Обединети Македонци“, Елизабета Медичкова – секретар на организацијата, Вера Белчевска – претседател на управниот одбор на црквата „Свети Климент Охридски“, храбрите активисти Драги Џонгорски, Андре, Драги Стојковски, Петре Медичков и многу други, кои со големи интелектуални и физички напори обезбедија незаборавна културна манифестација за повеќе од 400 присутни. Не можам да не го споменам и мојот сопатник од Македонија – познатиот иако млад пејач Спасен Силјановски. Со своето искуство за македонскте народни песни тој ги остави без здив сите во салата. Одушевија и младите македонски танчари од Торонто.
Парадоксална вистина е дека за да се охрабриме за македонската иднина мора да отидеме кај нашата дијаспора. Потребно е да биде спротивното – дијаспората да биде охрабрена од матичната држава. Тоа покажува дека во изминативе децении сме свртеле од националниот македонски пат и мора да си ја вратиме државата во целосна смисла на зборот. Во споредба со нашите македонци од Канада, антинационалните и антидржавни денешни изроди во Македонија изгледаат како вошки. Затоа час поскоро мора да ги уништиме сите тие паразити.