
Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев денеска истакна дека датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино.
Засега не гледам ниту една причина тој датум, односно закон да биде дискутабилен, додаде Димитриев.
Тој потенцира дека треба да се држиме до она што е веќе договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија.