
Холивудскиот актер Џони Деп се откажува од глумата, а планира да стане рок ѕвезда.
По играта во филмот Мортдекај што се покажа како едно од најлошите остварувања минатата година, Џони (52) се откажува од глумата, а планира да стане рок ѕвезда.
Актерот планира да оди на турнеја со неговиот бенд кој се вика Холувуд Вампајерс, а заедно со него во бендот ќе настапуваат Алис Купер, Џо Пери и Даф МекКеган (од Ганс ен роузис).
Групата е инспирирана од позитивната реакција на нивниот настап на доделувањето на Греми наградите, па одлучиле да одат на светска турнеја.