
Ученик од средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје вчера бил физички нападнат од страна на тројца малолетници, исто така, ученици во училиштето, со кои бил и М.Д. (19) од Скопје, поранешен ученик во СУГС.
Напаѓачите се приведени во полициската станица Карпош.
Со возило на Итна медицинска помош нападнатиот ученик е пренесен во Клинички центар за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.