
Поради моменталниот начин на гласање досега често сме имале ситуација дека самата завршница на Евросонгот е помалку здодевна затоа што победникот се знаеше речиси половина час пред крајот на натпреварот.
Веќе се претставени новите правила за гласање на Евросонг и тоа е најголемата промена што се случила во тој натпревар од 1975-та година.
Досега гласовите од жирито и публиката од поединечни земји беа веднаш изброени па така презентерите при оценувањето ја читаа само комбинираната оценка.
Сега гласовите од жирито и од публиката ќе бидат разделени, па така прво ќе се читаат гласовите на жирито, а оцените што ги дала публиката ќе бидат објавени дури на крајот, па така песната што била најпопуларна кај публиката ќе добие 12 бода без разлика на тоа како гласало жирито.
На тој начин ќе се добие повеќе драматичност во самата завршница затоа што победникот нема да се знае до самиот крај.