
Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека Русија и Турција водат индиректната војна во Сирија која носи многу ризици и повика на прекин на бомбардирањта и обнова на мировните преговорите.
– Овде, има ризик од војна. Потребно е да се избегне ескалацијата за да се најде политичко решение. решително повикувам на тоа. Потребно е обнова на преговорите и да прекинат бомбардирањата за да успее политичката транзиција (во Сирија) – изјави Оланд во интервју за француското национално радио Франс Интер.
Како што јаву дописникот на МИА од Париз, во однос на француско-германските односи, Оланд смета дека тие не биле доведени во опасност поради бегалската криза, иако признава дека ситуацијата во двете земји е различна – Германија прифати над милион бегалци, а Франција неколку илајди.
– Германија сакаше да се покаже добродушна, но тоа ќе ја чини скапо на долгорочен план, оцени Оланд, додавајќи дека и Франција треба да го прифати својот дел од бегалците.
Околу критиките на француксиот премиер Мануел Валс на сметка на германската канцеларка Ангела Меркел во однос на бегалската политика, Оланд истакна дека „тоа е позицијата на Франција“.
– Мислам дека не е пожелно да има толку многу лица кои доаѓаат во иста земја, во случајов Германија. Германија не ќе може да прифати, уште десетина илјади бегалци. Потребно е да направиме се за да има еден механизам за надворешна заштита, смета францускиот претседател.
Оланд оцени дека е можно постоење на Европа со „повеќе брзини“ и дека Франција со некои држави може да воспостави полсини врска за некои прашања, како околу буџетската полиитка и одбраната.
Во однос на неговата визија за Европа, тој рече дека „прва желба на Франција е да ја зачува Европа на 28 мината“, но и да се бори против блокадите, – Да се создаде едно цврсто јадро, една авангарда за да може да се напредува во помал број, вели Оланд, додавајќи дека тоа јадро може да се сведе на еврозоната или земјите-основачи на Унијата.