
Во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, Пекабеско подели 30 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.
Поттикнати од хуманите луѓе и организации, како и со искрена желба за поддршка, Пекабеско повторно донираше пакети со храна наменети за социјално загрозените семејства.
Во текот на оваа недела беа донирани 30 пакети со храна, а на крајот од минатата година Пекабеско ги донираше првите 27 пакети наменети за социјално загрозени семејства.

Акцијата, која компанијата ја спроведува заедно со Facebook заедницата е наречена „Секој твој лајк помага“, а Пекабеско за секој нов лајк на страната на Facebook одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозените семејства.
Од компанијата велат дека оваа акција е одлично прифатена од Facebook заедницата и ќе продолжи да се спроведува и во иднина. Тие се надеваат дека оваа континуирана општествено одговорна акција на Пекабеско ќе биде поттик и за други компании да иницираат активности со кои ќе помогнат на заедницата кога тоа е најпотребно.
Од Пекабеско ја поздравија и одличната соработка која изминативе месеци ја имаат со одговорните, вработените и волонтерите во Црвениот Крст на Град Скопје и која се убедени дека ќе продолжи и ќе се прошири во иднина.
Од компанијата се заблагодаруваат на хуманите граѓани кои досега помогнале за успешно реализирање на оваа хумана активност и ги повикуваат сите кои сакаат да помогнат, да го сторат тоа со лајк на нивната Facebook страна.