
Седумнаесет лица осомничени за поврзаност со нападот во Анкара се уапсени од страна на турската полиција.
Приведените, чии имиња не се соопштуваат се уапсени во седум окрузи на земјата и полицијата трага по уште еден осомничен.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави вчера дека бројот на приведените е 14, но додаде дека очекува уште апсења.
Помалку од 24 часа по нападот Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу изјавија дека тој е испланиран од Курдската работничка партија и сириската прокурдска Партија „Демократски сојуз“.
При нападот во Анкара, кој се случи во срда вечерта животот го загубија 28 лица.