
Либиските медиуми објавија фотографии од мртовечките ковчези во кои се наоѓаат убиените Срби, службеници во амбасадата во Либија.
Јовица Степиќ и Слаѓана Станковиќ биле киднапирани во ноември минатата година, а настрадале во воздушен напад на американската војска врз цели на Исламска држава.
Веста за нивната смрт и официјално ја потврдил министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.