
Синди Крафорд докажа дека е вистинска природна убавица. Славната манекенка го прослави 50-иот роденден, и на Инстаграм објави фотографија на која што го откри своето лице без грам шминка.
Благодарам на сите на убавите желби. Мојот прв ден како 50-годишна жена, порача таа.
Синди е позната по својот младолик изглед. Таа е голем поборник за природниот и здрав начин на живот, а неодамна издаде и биографска книга.
A photo posted by Cindy Crawford (@cindycrawford) on
Манекенката го прослави роденденот заедно со нејзиниот 53- годишен сопруг Ренди Гербер, со кого отпатуваа на сончевиот остров Сеинт Бартс.