Во општина Центар струја ќе немаат корисниците од ул.Тодор Александров број 76, од 10.30 до 11 часот, и дел од корисниците од ул. Кеј 13 Ноември (од број 92 до 110) во време од 9 до 11 часот.
Во општина Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од ул. Лука Геров од улици 2, 4 и 6, во време од 9.30 до 15 часот, и корисниците од село Кондово, Веле Поле и Кучково, село Грачани и Чашка – во време од 7.30 до 17 часот.
Од 9 до 14.30 часот струја ќе немаат корисниците од реонот Гази Баба, спроти Јаја-паша џамија во општина Чаир, а од 9.30 до 10 часот – корисниците од ул. Фрањо Клуз број 2 во општина Аеродром.