Во целосен прекин сообраќајот на „Меџитлија“

Сообраќајот за влез и излез од Македонија на граничниот премин „Меџитлија“ е во целосен прекин од девет часот утринава поради штрајк на грчките земјоделци.

Прекинот на сообраќајот, според најавата, ќе трае до 15 часот и ќе продолжи од 17 до 21 часот.