Клое Кардашиан: Канје му помогна на Ламар за да оздрави побрзо (видео)

Клое Кардашиан отворено прозборе за првото јавно појавување на нејзиниот сопруг Ламар Одом кое следуваше по предозирањето со дрога кон крајот на минатата година. Имено Ламар успеа неверојатно брзо да се опорави и да се појави на настанот на Канје Вест во февруари годинава, што според многумина беше вистинско чудо.

kloe-kardashian-2

Клои послаба и поубава од кога и да било, гостуваше во Холивуд Тодеј лајв каде кажа дека нејзиниот зет Канје Вест одиграл мошне важна улога во заздравувањето на Ламар.

Таа раскажува дека Канје со часови седел до Ламар и му потпевнувал.

-Канје доаѓаше во болница и му го пееше неговиот албум на Ламар. Ламар неможеше да говори во ова време… но како да велеѓе дека разбира се, само неможеше да ги најде вистинските зборови и како да беше заробен во сопственото тело што беше застрашувачки. Кога конечно можеше да говори, знаеше да каже: Канје навистина ми помогна, сакам кога доаѓа…