„Курир“: Подметнувањата на СДСМ за Законот за помилување се со цел да се манипулира јавноста и да се спаси синот на Верушевски

СДСМ повторно се обидува да ја изманипулира македонската јавност. Подметнувањата кои ги прави изминативе денови за Законот за помилување се очигледни. Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести, пишува „Курир“.

Се работи за класично подметнување каде иницијативата на еден адвокат се поистоветува со ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија, пак, беше иницијатор на измените на законот за да НЕ се помилува за изборни насилства, педофили и терористи.

СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник.

Синот на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски, треба да одговара за дела поврзани со детска порнографија. На овој начин СДСМ дефокусирајќи ја јавноста за изборните насилства и лепејќи се исклучиво на таа тема, сака да даде можност и отвора пат за амнестија на синот на Верушевски, соработникот на Зоран Заев.

cvetanka-protiv-nova-640x377

МАНИПУЛАЦИИТЕ НА СДСМ НА ВИДЕЛИНА

СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009-та гласале против предлозите на Министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности. Истите оние кои тогаш тврдеа дека измените на законот за помилување се противуставни, сега протестираат пред Уставниот Суд.

Не само стенограмите, туку и видео снимките од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за помилување. На листата се наоѓаат имињата на пратеничката Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Андреј Петров, Марјанчо Николов и други.

ФОТО: Манипулациите на СДСМ на виделина
ФОТО: Манипулациите на СДСМ на виделина

Во своите дискусии пратениците на СДСМ тврделе дека ваквите измени се спротивни на Уставот. Сметале дека нема основа токму овие кривични дела да бидат издвоени. Истакнале дека секој може да се покае и ресоцијализира и дека Законот не смее да ги третира различно и построго сторителите на овие специфични кривични дела.

Не треба да му веруваме на претседателот, на овој , на идниот, на кој и да е, затоа што тој е избран од сите овде што сме во Собрание со најголем број гласови со поддршка на голем број на граѓани и мислам дека ваквото право треба да му биде оставено. Јас тврдам дека овој закон, делови од овј закон, ќе паднат, нема да ја издржат оценката на уставност и законитост и тогаш мислам дека ќе треба веќе еднаш во оваа држава да се сносува и политчка одговорост за неуставни одредби, а за кои пратеници во ова Собрание укажуваат на таа работа, вели пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова на 9-ти јануари 2009-та. во Собранието.

Дополнително, Иванова го прашувала тогашниот министер за правда Михајло Маневски, каде во регионот и светот постои вакво ограничување на овластувањата на шефот на државата.

Но, за разлика од тогаш, истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот фејсбук профил таа вчера го осудила прифаќањето на иницијативата во Уставниот Суд. Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека Уставните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009-та.

cvetanka6

Слична контрадикторност може да се забележи кај најголем дел од тогашните пратеници на СДСМ.

Остануваме на ставот и тврдиме дека овој прес е противуставен, затоа што ги ограничува надлежностите на претседателот и апсолутно го доведува во прашање принципот на избор на претседател на непосредни избори, затоа што му се одземаат правата и не кореспондира со онаа јавна расправа за која што говоревме за уставнот цензус во вториот изборен круг, односно намалувањето на 40% што беше предмет на денешната пленарна седница. Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.

Вчера во писмено соопштение ВМРО-ДПМНЕ посочи дека останува на ставот дека не треба да има помилување за овие кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука, стои во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

utrinski-vesnik-zakon

Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести

Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.

Текстот каде жестоко се брани правото на помилување вклучително и дела кои опфажаат изборни инциденти, е напишан од Гордана Дувњак која е позната како член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ. ТЕКСТОТ е објавен во Утрински весник и е насочен токму во насока на барање на она што се случува деновиве.

Токму Гордана Дувњак во текст во 2009-та година кој е реакција на иницијативата на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ со кој помилувањето за изборни инциденти ќе се оневозможи, жестоко го напаѓа како против уставно. Денес после 7 години истите манипулираат и се прават дужегрижници за истата работа која тогаш ја прикажувале за противуставна. Токму соросовата мрежа на невладини организации организираа протести против прифаќањето на иницијативата за испитување на уставноста на законот.